ЗА ШТО СЕ РАБОТИ

“МАКЕДОНСКО МОДНО ЗДРУЖЕНИЕ – КОНЦЕПТ МОДЕН КЛАСТЕР” СКОПЈЕ

Македонско Модно Здружение (ММЗ) е самостојна културна и едукативна организација во доменот на дизајнoт, модата и занаетчиството. ММЗ е непрофитна организација, а членовите се волонтери и креативци од разни дејности. Поттикнати од младинска иницијатива во 2014 година, здружението го основавме со цел да ги поддржиме младите таленти и креативните бизниси во државата и пошироко. Здружението ги споделувавредностите на македонското културно наследство и традиција, инкорпоријајќи ги во своите проекти со иновативен и современ пристап. Нашата мисија е да создадеме енергична заедница во полето на дизајнот, модата и занаетчиството, да ја (пре)обликуваме улогата на културата во општеството, како и да ги промовираме принципите за одржливост во создавањето дела.

 

ПРОЕКТИ:

ММЗ организацијата има за цел да ја интензивира стратешката соработка и на регионално ниво, за да се искористи додадената вредност на заедничката мултикултурна акција. Македонско Модно Здружение ја обезбедува основната инфраструктура за едукација и вмрежување на индивидуалните дејци и челниците на приватниот сектор во креативната индустрија.

КОНТАКТ:

МАКЕДОНСКО МОДНО ЗДРУЖЕНИЕ- КОНЦЕПТ МОДЕН КЛАСТЕР СКОПЈЕ

info@mfa.mk
Ул.Македонија бр.19, 1000 Скопје, Северна Македонијa