Product design & rice waste

Product design & rice waste

Завршивме уште една успешна дводневна работилница. Групата учесници на нашиот проект „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“ продолжија со активностите во „Малина Попиванова“ во Кочани. Менторот на оваа работилница беше добро познатата Anita Gaj која е основач на брендот Lotus Lounge Chair.

Она што започна како теоретска настава подоцна премина во пракса и одлично завршен производ. Со учесниците дискутиравме на најразлични теми, од тоа како новата генерација да се насочува во своите размислувања за нови дизајнерски идеи, до тоа како истите да бидат здрави за нашата околина и воедно да бидат одржливи.
Следен чекор беше да направиме три еко вреќи за седење. Како материјали за навлака искористивме лен, а одвнатре ги полневме со оризова лушпа и слама. Она што беше важно е да им покажеме на учесниците уште еден начин за тоа како можеме да ги искористиме природните материјали во дизајнерското производство.
И секако, освен што успеавме да направиме одлична модерна линија, учесниците дополнително развија нови креативни вештини за понатамошно дизајнерско образование и кариера.
Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобален еколошки фонд (ГЕФ).