Трет ИНФО ден од проектот “Fashion Employment Hub” во Прилеп

Трет ИНФО ден од проектот “Fashion Employment Hub” во Прилеп

Во рамките на проектот „Fashion Employment Hub“, овојпат во Прилеп се оддржа третиот ИНФО ден „Сподели го искуството“ – каде што се направи промоција на колекциите на младите дизајнери вклучени во овој проект.  Проектот е наменет за младите лица, ученици, студенти, млади дизајнери и претприемачи од текстилниот сектор кои ќе придонесат во понатамошниот во развиток на модната и конфекциска  индустрија во Македонија. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Interreg IPA CBC програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“, а Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер заедно со Македонско Модно Здружение, и големите професионалци покрај нив, беа главните атрибути за реализација на овој настан и пренесување на сопственото знаење од досегашното искуство.

Со цел да се запознаете подобро со овој проект и начинот на којшто се изведуваат овие ИНФО денови, сакаме да ви пренесеме дел од програмата и тематиките за коишто се зборуваше, дискутираше и презентираше за време на овој настан.

На 7. ноември, домаќините на настанот во присуство на учениците и професорите од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“  од Прилеп ги презентираа досега релизираните активности во насока на едукација на младите за најновите трендови во индустријата, влучувајќи го извозниот маркетинг и електорнската продажба, изработката на шаблони, како и најновиот развој на 3Д дизајнот.  Развојот на иновации и  зголемувањето на вештините на младите лица, ќе претставува потенцијал за нивно вклучување во реалниот сектор и ќе помогне во вработувањето во пограничниот регион.

Освен тоа, на настанот се претставија и професионалци од повеќе области кои презентираа и ги споделија своите искуства во стекнување нови вештини, како и искуства и знаење во она што тие го прават најдобро. Во таа насока, проектните партнери од Македонија и Грција, како и проектниот менаџер Наташа Сивевска – извршен директор на Текстилното трговско здружение – Текстилен кластер и модните дизајнери Анастасија Петрески, Ѓорѓи Петрушев, Гордана Трпческа и многу други претставници од модната индустрија имаа што да им пренесат на гостите од настанот.

‚‚Младите се иднината на секоја држава и нивната професионална определба надополнета со стекнување на квалитетни вештини и креативен и иновативен развој ќе продинесе кон одржливост на овој сектор и воопшто на економијата во државата. Во нашито проект беа вклучени над 100 малди лица, ученици, студенти и млади дизајнери кои со голем интерес ги следеа обуките, инфо деновите и студиските посети а дел од нив и активно придонесоа кон реализација на проектните цели”, истакна Наташа Сивевска.

Модниот дизајнер Ѓорѓи Петрушев раскажа нешто повеќе за себе, своите искуства од проектната студиска посета на „Fashion Employment Hub Thessaloniki“, не’ запозна со Софтверот CAD наменет за конфекциската и текстилната индустрија, како и со „Fashion Snoops“ – платформата за модни предвидувања која ги дава насоките за најновите светски модни трендови. Исто така дизајнерот презентираше дел од своето портфолио и равојни колекции  кои оставија силен впечаток на присутните.

Модната дизајнерка Анастасија Петрески пак ги презентираше нејзините искуства од проектната студиска посета на „Fashion Employment Hub Thessaloniki“, како и почетоците на формирањето на нејзиниот бренд насловен како „Mondish“ . Она што остави траг во нејзината презентација и со воодушевување беше следено од присутните беше објаснувањето на геометријата како вродено чувство за естетика при процесот на креирање облека и Златниот пресек како водич на уметниците. На крај дизајнерката го презентираше своето портфолио и серија на креации изработени следејќи ги најновите модни трендови како и своите замисли со акцент на ”Златниот пресек”.

Гордана Трпчески, како претставник на регионалната занаетчиска комора на Прилеп,  ги објасни клучните задачи и проекти на комората. Отпочнувањето на сопствен бизни и претприемништвото беше презентирано од страна на г-ѓа Трпчески како можност за кретивно делување на младите лица, можност за самовработување и обезбедување егзистенција за себе и своите фамилиии. Како еден од претставниците на комората, Спасија Ристеска од „Моја Корекција“ ги претстави своите рачни изработки направени од текстилен отпад и ја покажа својата креативност, но и одговорност за искористување на текстилниот отпад. Од друга страна пак, Ане Багеска го презентираше своето искуство на работа на разбој, активност на која се посветила послендите неколку години во креирање рачно исткаени модерни парчиња облека како и рачно изработен накит. Со тоа, овие две дами покажаа еколошка и одржлива мода, истакнувајќи ја важноста на одговорните модни избори и етичките практики.

Овој ИНФО ден во Прилеп беше инспиративна појдовна точка за сите оние кои модата и дизајнот ги следат професионално и со пасија. Благодарение на се’ почестите вакви настани, можеме да обезбедиме подобар развој и иднина за младите лица, дизајнери и воопшто за македонската текстилна индустрија.

 

Skills

, ,

Posted on

ноември 8, 2023

Skills

, ,

Posted on

ноември 8, 2023