Програмата за модно стручно образование

Програмата за модно стручно образование

Под менторство на познатата дизајнерка Ирина Тошева и професорот Љубиша Савески, ја отпочнавме програмата за модно стручно образование за групата ученици од Училиштен центар ,,Партенија Зографски” во Скопје, поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E.

Програмата е внимателно дизајнирана за младите лица со оштетен слух за да развијат вештини за визуелизација, способности за цртање, внимание на детали и познавање на материјали, шиење, плетење и техники за правење шеми, како и знаење за маркетинг и рекламна промоција, што е од суштинско значење за кариера во модната индустрија.

Првиот час започна со вовед за ,,RESPONSIBLE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT” во однос на предвидените цели и планирани активности за следните два месеци. Се очекува учениците да можат да направат капсулна колекција на крајот од полугодието.

Потоа им следуваше забавна и возбудлива задача да креираат школски униформи еден за друг. Групата млади ја изразија својата жива имагинација и уникатна визија преку дезенирање памучни дуксери со логото на проектот како појдовна инспирација.

 

Skills

Posted on

февруари 3, 2021

Skills

Posted on

февруари 3, 2021