Apron creation workshop

Apron creation workshop
Со задоволство ја продолжуваме нашата соработка и менторство со студентите од ДУЦОР “Партенија Зографски”-Скопје. Со поддршка на проф. Љубиша Савески и младата дизајнерка Ангела Спасовска – учесник од нашиот проект, заедно ги изработивме престилките за работилниците. Го искористивме преостанатиот текстил, обезбеден од македонска фабрика.
Образованието за одржливост може да отвори можности за младите луѓе да учат и да се вклучат во постоечките локални и глобални движења, како и да им помогне да ги развијат своите лични вештини и интереси за одржливо живеење и дизајн.
Престилките беа изработени во рок од три дена од страна на професорот Љубиша Савески и младата дизајнерка Ангела Спасовска, исто така при изработувањето на престилките помагаа и учениците од ДУЦОР „Партенија Зографски“ кои што ги посетуваа часовите на професорот. Во текот на тие три дена се работеше по три часа.
Првиот ден се дискутираше за дизајнот на престилките како да изгледаат, која должина да бидат и колку џебови да имаат со цел да се направат да бидат практични, откога се одлучи за дизајнот на престилките се направи кројот и се изработи прототип. Вториот ден се кроеја сите потребни парчиња и се поминуваа на пегла. Третиот ден се спојуваа парчињата, се шиеја, се изработуваа и се финишираа престилките. And …Voila!
Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Skills

Posted on

декември 19, 2022

Skills

Posted on

декември 19, 2022