Продукт Дизајн

Продукт Дизајн

Заедно со менторката Анита Гајтановска се спроведоа серија на работилници за јакнење на капацитетите на младите и градење на нивните вештини на темата Продукт Дизајн. На работлиниците се изработуваа меки столчиња на „Lotus Lounge Сhair“ со помош на учениците од „Ванчо Прке“ од Виница.

Активностите најпрво започнаа како теоретска настава и едукација на теми: Природата како извор на материјали за живот, култивирање на растенијата за исхрана и обработка, и употреба на остатокот од растенијата одгледани за исхрана.

Дискутиравме околу потенцијалот на меките столчиња, нивното традиционално користење и нивниот развој во современите практики. Потоа одговаравме на прашања како што е „Како да направиме Lotus Lounge Chair да биде воедно мебел и терапевтско место за седење каде што луѓето ќе имаат мир и спокој“. Со учениците разговаравме и околу тоа како новата генерација подобро да ги насочи своите размислувања за нови и современи дизајнерски идеи, а притоа истите да бидат здрави и одржливи за нашата околина. Накрај, нагласивме проблеми и нивни решенија сè со цел да се заштити животната средина.

Веќе со наредниот чекор почнавме со шиење на три еко-вреќи (меки столчиња) за седење. Една група од учениците шиеја навлаки, а друга одвнатре ги полнеа со оризова лушпа. Она што беше важно е да им се покаже на учениците уште еден начин за тоа како може да се искористат природните материјали во дизајнерското производство. Учениците дополнително развија нови креативни вештини за понатамошно дизајнерско образование. Проектните модули се осмислени од страна на граѓанските организации со експертиза во дизајнирање на програми кои имаат цел да го подобрат теоретското знаење и вештини на учениците и да ги направат идни „одговорни претприемачи“. Како еден од резултатите на овие работилници, сега, учениците од СОУ „Ванчо Прке” од Виница имаат модерна зона за одмор во нивниот училиштен двор.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн материјал во општина Кочани“ е спроведен од страна на Македонското Модно Здружение-Концепт Моден Кластер, Скопје.
Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобален еколошки фонд (ГЕФ).