10 млади македонски дизајнери присуствуваа на модниот саем Athene Fashion Trade Show

10 млади македонски дизајнери присуствуваа на модниот саем Athene Fashion Trade Show

Текстилниот кластер од Штип заедно со Промо Идеа од Струмица, како и „Life Lon Learning Ceter“ од Серес и „Hellenic Industry Association“ од Солун се дел од проектот „Fashion Employment Hub“, кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички во Интеррег ИПА ПС програмата „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 година“.На

15 декември 2022 година се одржа „Инфо ден“ на кој што 25 модните брендови и дизајнери имаа можност да добијат информации на многубројните прашања поврзани со најголемиот моден саем во југоисточна Европа – Athene Fashion Trade Show, како и да дискутираат околу важноста и  начинот на нивна пормоција на ваков вид на маифестации.

Како следен чекор, на база на доставените портфолија се направо избор на 10 млади македонски дизајнерикоишто беа поддржан за учество на саемот.

Саемот Athene Fashion Trade Show се одржа во периодот од 26-29 јануари во Атина, на којшто избраниците имаа можност да се вмрежат со грчките колеги и да ги разменат своите ставови и мислења во врска со модата. Што е уште поважно, споделија знаења и создадоа пријателства за понатамошна соработка.

Овој саем беше од висок карактер со одлична организација на тридневни активности од страна на Текстилниот кластер од Штип и партнерите на проектот. Некои од активностите вклучуваа посета на музејот „Бенаки“ – текстилниот оддел со традиционални костими и дводневна посета на саемот Athene Fashion Trade Show во METROPOLITAN EXPO арената, кадешто се реализираше вмрежување со грчки компании, вмрежување со училишта за модно образование како и посетата на штандовите на над 450 излагачи на саемот.

Самиот проект „Fashion Employment Hub“ има за цел да создаде Моден центар што ќе функционира како центар за вработување од интернационален карактер. Истиот, не само што ја зголемува можноста за вработување и вмрежување, туку и нуди интергрирани и иновативни услуги за поддршка, разни алатки и обуки како за профеционалците така и за старт-ап брендовите.

 

 

 

Skills

Posted on

февруари 10, 2023

Skills

Posted on

февруари 10, 2023