„Текстил, мода и животна средина“

„Текстил, мода и животна средина“

Учениците од СОУ “Љупчо Сантов“- Кочани учествуваа во работилница „Текстил, мода и животна средина“.

Новата година ја започнуваме со уште една одлична работилница – „Текстил, мода и животна средина“!

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“ опфати работилници во кои учествуваа нашите учесници предводени од ментори. Во овој случај, на наша голема благодарност, менторка на оваа работилница беше дизајнерката Ирина Тошева.

Ирина Тошева е позната по своите модни парчиња, желбата што ја поседува за да направи промени преку модата, да овозможи квалитет, придонесе во економијата, екологијата и хармонијата во општеството.

Она што беше наша главна задача е да текстилот го обоиме со Шибори техника. Шибори техиката се смета за едно од најстарите техники за бојадисување во Јапонија којашто датира уште од VII век. Терминот „шибори“ значи „стискање, вртење, притискање“. Најчесто ткаенината се извртува, превиткува, шие или врзува со помош на врвци, ленти, стеги итн., со што самиот материјал потоа добива нијанси во дадената боја.

Така спремениот материјал го офарбавме со користење на оризова арпа, слама, лушпа од кромид и куркума. Ирина Тошева даде одличен вовед за Шибори и начинот на којшто се работи. Секој учесник доби свој материјал и засебна техника за боење. Кој е нашиот нареден чекор? Подгответе се да видите прекрасни парчиња облека со уникатен дизајн од техниката Шибори, затоа што за наредната работилница ќе го правиме токму тоа.

Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобален еколошки фонд (ГЕФ).

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

#ReLOaD #ReLOaDMK #LocalDemocracy #WesternBalkans #mfa #nowastemk

Skills

, , , ,

Posted on

јануари 14, 2023

Skills

, , , ,

Posted on

јануари 14, 2023