Едукација за одржливост

Едукација за одржливост

Едукацијата за одржливост може да им отвори можности на младите да научат и се вклучат во постојните локални и глобални движења, како и да им помогне да ги развијат сопствените вештини и интереси за поодржлив начин на живот и дизајн.

Растечкиот тренд кон рециклирана и етички дизајнирана облека не придонесува само кон ,,позелена” планета. Денес образованието за одржлив дизајн може да претставува значителна предност за вработување во креативната индустрија.

Со цел да им се понуди на учениците од „Партенија Зографски“ поширок спектар на знаења и практики, вториот час под менторство на Ирина Тошева и Љубиша Савески ги запозна со модни техники за обновлив дизајн на облека и додатоци, со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E.

Младите исткаа оригинални мостри користејќи исклучиво стари текстилни остатоци, кои подоцна ќе бидат имплементирани во финален производ во рамките на нивната капсулна колекција. Го ослободија максимално потенцијалот со нула отпад за животната средина.