Tехники на традиционалното грнчарство

Tехники на традиционалното грнчарство

За време на првата работилница посветена на запознавање со древните техники на традиционалното грнчарство, училиштниот центар ,,Партенија Зографски” го посети Слободан Столески од селото Вранештица, кој се смета за еден од најдобрите мајстори во овој прастар занает.

Под негово менторство учениците стекнаа вистинско богатство од знаења и вештини за грнчарството, занает што во нашата земја опстојува со илјадници години. Чекор по чекор ги откриваа тајните за изработка на македонски автентични производи од глина. Потоа тие пристапија кон правење на нивните први садови и стомни со голема љубов, труд и посветеност.

Со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, обезбедени беа три наменски изработени грнчарски колца, кои ќе останат во трајна сопственост на училиштето, за и во иднина младите да се обучуваат и надградуваат во оваа дејност, како и да создаваат нови уметнички дела во духот на традицијата.

Со негување и црпење инспирација од културното наследство, едукативните активности во рамки на ,,RESPONSIBILE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT” имаат за цел да им отворат патишта за кариера на младите лица со оштетен слух во широк спектар на креативни индустрии.

Skills

Posted on

февруари 28, 2021

Skills

Posted on

февруари 28, 2021