Нови предизвици

Нови предизвици

Полни со елан и ентузијазам за нови предизвици во областа на дрводелството, учениците од државниот училиштен центар „Партненија Зографски“ одново го посетија студиото за модерен мебел Rinnoca, овојпат покажувајќи ја сета своја дарба и вештини во изработката на производи од масивно дрво.

За време на втората работилница под менторство на дизајнерката Катерина Трпковска и инженерката Деспина Здравкова, тие претходно нацртаните скици ги претворија во оригинална линија на продукти со функционална и декоративна намена.

Откако секој од учениците ја материјализираше имагинацијата преку индивидуални предмети, заеднички им го дадоа завршниот изглед со рачна доработка, односно брусење и лакирање на создадените дела, кои ќе бидат презентирани со виртуелна изложба оваа пролет.

Обуките во рамки на RESPONSIBLE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWEREMENT“ имаат за цел да им понудат на младите лица со оштетен слух широк спектар на теоретски и практични знаења за кариера во креативните индустрии. Едукативните активности се спроведуваат со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E.