Работилница за креативни видеа

Работилница за креативни видеа
Оваа недела бевме домаќини на работилница за креативни видеа. На наше големо задоволство и среќа имавме можност да работиме со учениците од ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани.
Нашиот ментор, режисер со повеќе од 15-годишно искуство Благоја Ангеловски, ги едуцира и ги зајакнува младите преку медиумско образование, продукција и креативен развој.
Младите кои учествуваа на на работилницата одлучија дека она што сакаат да го претстават во своето видео се нивните гледишта на изложбата и на проектот.
За време на оваа работилница, младите научија да работат заедно за да развијат наратив кој ги доловува различните мислења и гледишта на изложбата, уметничките цели и целиот проект, како и за користење на опрема за видео продукција, техники на снимање и употреба на стратегии.
Ние сме и повеќе од среќни да ги споделиме резултатите од оваа работилница со вас.
Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Skills

Posted on

март 29, 2023

Skills

Posted on

март 29, 2023