Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации

Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации

Македонскиот Текстилен кластер во соработка Македонско Модно Здружение беше организатор на менторски активности како дел од новиот проект од ИПА пограничната програма Бугарија – Северна Македонија “Современата текстилна индустрија како атрактивна кариерна патека за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион  јули 2019 – ноември 2020”.

Од декември 2019 година, на капсулните колекции изработени од текстилен отпад под менторство на дизајнерката Ирина Тошева,  работеа  учениците од средните училишта во Северна Македонија: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар„- Македонска Каменица, Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“(Делчево) како и Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип.  Мотив на проектот е текстилната индустрија да се прикаже како атрактивна кариерна гранка за младите  луѓе и придонесувач во економскиот развој на земјата.

Најнапред во основното училиште “Гоце Делчев ” дизајнерката Ирина Тошева ги запозна учениците од 9 тото оделение со поимот  smart technology, и низ презентација им обајсни нешто повеке околу нивните задачи кои што тие ќе треба да ги извршат во текот на наредниве неколку месеци.

Учениците изјавија дека ова ќе биде добро понатамошно искуство  за нив бидејќи  не секој се соочува со вакво искуство  да  го види целиот начин на производтсво и на изработока на еден производ .

“Во овие неколку продуктивни месеци запознавме прекрасни професори, кои секојдневно се борат со огромни предизвици да ги мотивираат своите ученици. Посетивме и основни училишта во Виница, Штип и Берово зборувајќи за оптимизација во производството и одржливите практики. Организиравме и посети на текстилни компании,  каде со учениците внимателно го набљудувавме процесот на производство во конфекциите Линеа, Фаммоде, Ларс, МК Елена, Полотекс, БТБ и Текстил М”, – изјави менторката Тошева.

При посетата на  фабриката “БТБ”  учениците можеа да го видат целиот процес на производтсво на облека, а воедно им беше одржана кратка  инспиративна работилница која ѓи потикна да размислуваат за оптимизацијата на паметните фабрики и за процесот на производство.

Учениците прпјавија голем интерес  а воедно ни ги покажаа и своите досегашни креации кои што ги изработувале за  приредби, манифестации,  “Trash Fashion ” и слично.