“Home décor & rice waste” workshop

“Home décor & rice waste” workshop
Работилниците се во тек! Во голем подем сериозно работиме на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“.
Менторот Марија Јошевска во истиот состав одржа дводневна работилница на тема “home décor & rice waste” во гимназијата „Љупчо Сантов“ во Кочани.
Марија Јошевска, од Битола, развива свој мал иновативен бизнис, еко-свеќи направени од восок од соја. Со оваа своја иновација придонесе во зголемувањето на бројот на еко-бизниси во Македонија.
Како наш ментор ни помогна да направиме биоразградливи калапи за вазни од 3Д принтери. Садовите ги направивме од цемент со користење на оризова слама и лушпа, а потоа ги наполнивме со восок од соја. Ваквиот восок не испушта штетни хемикалии, а во него има квалитетни концентрирани и неразредени миризливи масла коишто не содржат алкохол.
Со ова покажавме само уште еден начин на којшто можат да се искористат обновливите ресурси, а на наше големо задоволство, тие вештини да ги пренесеме на млади ученици.
Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Visual Do More