ОТВОРЕН ПОВИК

ОТВОРЕН ПОВИК

„Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн-материјал во општина Кочани”

ОТВОРЕН ПОВИК

Бараме млади дизајнери (во областа на модата, текстил, дизајн на производи) со иновативна ДНК и напреден пристап. Дизајнери кои се заинтересирани за истражување и изработка на прототип за иновативни пристапи при користење на оризов отпад во дизајнот, мотивирани да учествуваат во проектот и воедно размислуваат за важноста на заштитата на животната средина.
Проектот е организиран во две поделби. Од една страна – програма со теоретска и практична акција преку работилници и размена на знаења фокусирани на темата за производство и обраќање со прашања за создавање на одржливост и знаење.
Паралелно – избраните дизајнери ќе можат да ги претстават прототипните производи за време на завршната изложба во финалната фаза на видливост на проектот, предвидена на 23 Март 2023г.

Проектот  „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности ОДОНАТА, Кочани се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Привремена програма

УЧЕСНИЦИТЕ ДОБИВААТ:

  • Теоретски обуки во текот на два месеци со менторите и учесниците за развој на дизајни, концепти и практична употреба на отпадот од ориз;
  • Практични работилници во период од два месеци од страна на експерти за преработка на суровините за развој на нови дизајни;
  • Промоција на постигнатите проектни резултати преку видеа, фотографии, презентација на завршени продукти и концепти на изложбата во март 2023 година.Детали за учествотоТрошоциТрошоците за патување и работилниците ќе бидат покриени од организациите Македонско модно здружение и Здружение на граѓани ОДОНАТА.

Времетраење на проектот

• 9 август 2022 година: Отворање на јавниот повик
• 5 септември: Затворање на јаниот повик
• 12 септември: Приватно огласување на финалистите преку е-пошта
• Времетраење на проектот: септември 2022 – март 2023 година

Критериуми за аплицирање

Услови за дизајнери кои сакаат да учествуваат во активностите:

  • Возраст: од 18-28 години;
  • Професионален пристап;
  • Јасна комуникација и дистрибуција на бренд визија;
  • Мотивација за учество во проектот и интерес за дизајнерско размислување & засилување на заштитата на животната средина.Критериуми за избор

Како да аплицирате? Поднесете ја вашата апликација овде.

Ве молиме испратете дополнителни информации преку е-пошта:

  • Презентација на брендот, вредности и визуелни елементи;
  • Профил на дизајнер (bio);
  • URL на веб-страницата, сметката на Instagram и Facebook;

Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде во проектот!

Контакт: info@mfa.mk

Оваа публикација е објавена како дел од проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”, кој се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локалнадемократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на оваа публикација, како и наодите што се изнесени во неа одговорни се исклучиво Македонското модно здружение,Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности ОДОНАТА, Кочани и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

 

 

 

Skills

, , , , , , ,

Posted on

август 8, 2022

Skills

, , , , , , ,

Posted on

август 8, 2022