Со секој нареден чекор стануваме се’ понапредни и поуспешни во нашата мисија на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“. Со таа цел , од голема важност е секогаш да бидеме информирани за тековните настани и да делиме идеи и иновации на темата обновливи ресурси и циркуларна економија.
За таа цел се собравме на еден Зум состанок, заедно со повеќе претставници од проектот: Македонското модно здружение, долгогодишната менторка по мода Ирина Тошева и како еден од главните говорници на овој мал настан Ирен Пурасаши.
Ирен Пурасаши е млада интернационална дизајнерка која работела на повеќе полиња во оваа индустрија, дизајн на мебел, графика, мода и друго. Од 2016 г. па се’ до ден денес има освоено преку 15 награди и номинации поврзани со уметничката индустрија.
Презентацијата на проектот „Flower Matter“ доведе до најразлични дискусии во полето на циркуларната економија. Добивме нов приказ за употреба на отпадот од цвеќето и негова употреба. Благодарение на овој одличен тим, се отворија теми, дискусии и новации на коишто во иднина ќе можеме да им се посветиме со цел да се искористат обновливите ресурси.
Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната . Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
#ReLOaD #ReLOaDMK #LocalDemocracy #WesternBalkans #mfa #nowastemk
Photo by irenepurasachit.com