Запознавање со учениците

Запознавање со учениците

Во изминатите неколку месеци напорно и посветено работиме на проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“. Нашата прва станица беше да се запознаеме со учениците од СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани и да ги претставиме нашите цели на проектот. Со присуство од околу 20 ученици, кои пројавија поголема заинтересираност од иницијално очекуваната бројка успеавме да ги поставиме темелите на овој значаен проект.
На првата средба успеавме да ги воведеме учениците воедно во светот на модата и во светот на земјоделието коишто заедно целиме да создадат иновативни креации. Им покажавме како можат да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад, односно арпа/слама, којашто ќе биде нашиот главен објект за истражување.
Презентацијата и понатамошната меѓу-секторска соработка ќе им помогне на учесниците во овој проект да ги зголемат занаетчиските, уметничките, лидерските и бизнис вештините. Па така, им ги претставивме идните планови за овој проект во коишто се вклучени: теоретски обуки, практични работилници и промоција на постигнатите проектни резултати во март 2023 година.
На овој иновативен начин можеме да успееме да создадеме нови пристапи за употреба на отпадот од оризот во Кочани. Со самото тоа ја подигаме свесноста за важноста на заштитата на животната средина, циркуларната економија, креативната индустрија и агрикултурниот сектор.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн материјал во општина Кочани“ на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната и Македонското модно здружение, Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Европската унија (ЕУ) Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува UNDP MK.

#ReLOaD #ReLOaDMK #LocalDemocracy #WesternBalkans

Skills

, ,

Posted on

ноември 22, 2022

Skills

, ,

Posted on

ноември 22, 2022