Секоја година традиционално се организираат „Денови на кочанскиот ориз“ каде што се подготвуваат различни специјалитети, се спроведуваат хуманитарни акции/активности, донации, награди за земјоделците и се промовираат нови проекти и цели во интерес на Општина Кочани.
Оваа година одлучивме да го искористиме овој настан и да придонесеме во традиционалните обичаи на оваа заедница. Па така, со голем ентузијазам се обидовме да ги поставиме основите за понатамошните активности на овој проект.
Откако на 4 октомври се запознавме со учениците и менторите на проектот, втората етапа ја започнавме на 7 октомври во ресторанот „АМОР“ во Кочани заедно со нашите партнери на проектот, „Ротари клуб Кочани-Виница“ Rotary CLUB Kochani-Vinica и организацијата „За здрав живот во Кочани”, каде што прикажавме фотографии и видеа од нашите досегашни активности и истражувања. Со ова ги истакнавме најважните информации за проектот: донатори, времетраење, локација, целна група, соработници, носители и партнери на проектот.
На овој начин успеавме да се претставиме пред јавноста со она што редовно го правиме, нашите цели и замисли за овој проект и сите досегашни успешно постигнати мисии од минатото.
На настанот беше присутен Гувернерот на Дистрикт 1912, Раде Христовски како и Градоначалници и официјални гости од страна на: Општина Кочани, Општина Крижевци-Хрватска, Општина Разлог-Бугарија, Општина Перник-Бугарија, Општина Казанлк Бугарија.
Благодарение на распространетоста и амбиентот на локацијата каде што се одржуваше презентацијата имавме покриеност од повеќе од 300 посетители. Затоа секој еден чекор е важен во оваа наша приказна за која накрај ќе бидат прикажани резултати во март 2023 г.
Вечерта помина повеќе од успешно и целта е остварена.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн материјал во општина Кочани“ на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната и Македонското модно здружение, Скопје се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje, а ја спроведува UNDP MK