Посетата на Музеј на Македонија во Скопје со учениците од Државниот училиштен центар „Партенија Зографски“, означи почеток на нашето предизвикувачко патување за промена на начинот на инспирација за новата генерација.
Целта на посетата беше да ги приближиме до традициите и да им ги пренесеме вредностите на наследството, премостувајќи ги минатото, сегашноста и иднината. Еден од најстарите национални музеи е домаќин на најголемата етнографска колекција во земјата, изложба на традиционална архитектура и историска просторија со оригинални резбани предмети.
Водената посета со превод на знаковен јазик, им овозможи на младите незаборавно и извонредно искуство заучење во богата едукативна средина, давајќи им динамична можност да ја истражат сопствената љубопитност.
Многу може да се постигне кога образованието и работата со младите ќе се пресретнат со културното наследство. Тоа има моќ да инспирира и да поттикне позитивни промени, поткрепувајќи меѓукултурно разбирање, почитување на културната разноличност и создавање инклузивна средина.
Ги отвори нивните погледи кон различни идеи и перспективи, градејќи основа за креативност и критичко размислување. Исто така, ја поттикна нивната имагинација, што е неизоставен сегмент за идниот успех во рамките на проектот.
Во насока на зачувување на нашето наследство, ангажирањето на младите е клучно за одржливоста. За да се охрабрат и бидат проактивни во неговото истражување и промовирање, на учениците им беа дадени креативни задачи во рамките на проектот.
Црпејќи инспирација од она што најмногу го привлече нивното внимание при посетата, во текот на следниот период тие ќе се изразат со цртежи и фото колажи, поврзувајќи ги традиционалното и модерното преку уметнички дела на личен и уникатен начин.
Проектот „RESPONSIBLE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT“ е поддржан од E4E.
*Преземени се сите безбедносни мерки за заштита и превенција од COVID-19.