Четвртина од 100 или прв „Сребрен“ јубилеј. Да, преубава бројка, преубав повод да ве поканиме на 25-тото издание на Моден Викенд Скопје.

4 дена по почетокот на календарското лето, едно од најголемите модни случувања во земјава се враќа во Скопје. И тоа не било каде, туку во Градскиот парк. Симболот на младите, на авантуристите, на македонската авангарда и андерграунд. Впрочем, сите оние модерни зданија...