Работилница „Креативност и фотографија“

Работилница  „Креативност и фотографија“

Еве како си поминавме на работилницата креативност и фотографија!

На работилницата правевме фотосесија на производи, во рамките на нашиот проект заедно со учениците од ОУ Малина Попиванова Кочани и менторското дуо Димитар и Андријана Петровски од познатото студио ADPhotography

По повеќемесечните плодни обуки на работилниците за текстил, мода и животна средина, уметност, homedécor, продуктен дизајн, истражување и изработка на прототип за иновативни пристапи при користење на оризов отпад во дизајнот, најпосле дојде време оригиналните дела на учениците од ОУ Малина Попиванова Кочани да бидат јавно презентирани.

Помоцијата на креативен производ е незамислива без квалитетен естетски приказ на производите. За таа цел, младите темелно се запознаа со основите на фотографијата како уметничка дејност, поставување на светло, работа со камера, сликање објекти и луѓе, подеднакво теоретски и во пракса.

Во текот на следните денови, поопсежно ќе ги прикажеме резултатите на ова работилница.

Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

.

Skills

Posted on

март 28, 2023

Skills

Posted on

март 28, 2023