Работилница “Мода и текстил. Создавање неткаен материјал од оризова слама”
Ментор – Натали Ристовска, Локација – СОУ„Ванчо Прке“, Виница
За време на работилницата разговаравме за тоа како да направиме неткаен материјал од природни влакна, во случајов влакна од оризова слама, со цел да испита нивната одржливост за модни додатоци во полето на дизајнот. Постапката вклучуваше и спроведување на прелиминарна студија фокусирана само на материјали за учениците да се стекнат со доволно знаење за неткаен материјал.
Првиот чекор беше да се извлечат целулозни сламени влакна. Во вториот дел од работилницата се обидовме да создадеме неткаен материјал. Експеримент во кој направивме неткаен материјал од 100% оризови сламени влакна без користење лепак. Во фаза 2 предизвик околу неткаениот материјал би бил да се направи помека и пофлексибилна ткаенина која при допир же има чувство на материјал.
Со помош на 3Д принтерот изработивме два калапа: калап на шапка и калап на ташна. Учениците имаа можност да слушнат повеќе детали за работа со 3Д принтер и подготовка на калапи со специјални програми. Во тој процес, учениците ги полнеа калапите со веќе направена суровина од оризова слама, а подоцна ги сушеа.