Октомври 2016 година – Јануари 2017 година
ЗА ПРОЕКТОТ Македонската модна асоцијација – концепт моден кластер продолжува да работи на деловни и едукативни програми кои се меѓусебно поврзани помеѓу творби и фабрики, компании и инвеститори воопшто. Спортската колекција беше реализирана во рамките на проектот “Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките”, поддржан од Министерството за економија на Република Македонија, во Секторот за претприемништво и иновации. Како дел од дванаесетата сезона на Моден Викенд Скопје, проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерот Ирина Тошева, која неколку месеци работеше на колекцијата и македонската фабрика за спортска облека “Цеботекс”.