Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“ е се’ уште во тек! Младите учесници напорно и вложено ги завршуваат своите задачи. Следни на репертоар им беа двете нови работилници под менторство на Ирина Тошева.
Според теоретската настава од минатата работилница, учесниците веќе беа запознаени со шибори техниката на боење, па овојпат дополнително ги зацврстија своите способности во тој домен. Оваа јапонска техника им дозволи да ја покажат својата креативност и уникатност, но и да се потсетат на начините на одржливо бојадисување.
Учениците од ОУ „Малина Попиванова“ од Кочани, за време на втората работилница успеаја да научат нешто ново и да го надоградат веќе стекнатото знаење. Ирина Тошева, повторно како ментор на работилницата, ги запозна со создавање креации од рециклиран материјал. Младите ткаеја сопствени ткаенини од оризов отпад, односно оризова слама.
Благодарение на учесниците и вниманието што го посветуваат во својата работа, зад себе оставивме уште две успешни и едукативни работилници!