Предавање на тема практикум/ нов живот за биоотпадот од оризот.

Предавање на тема практикум/ нов живот за биоотпадот од оризот.
Во процесот на подготовките за исполнување на нашиот проект „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани“ поминавме низ предавања со искусни научни работници на УКИМ Земјоделскиот институт во Кочани.
Заедно со учесниците присуствувавме на две различни предавања предводени од ас. м-р Иво Митрушев и ас. м-р Бранкица Спасева.
Иво Митрушев држеше предавање на тема практикум/нов живот за биоотпадот од оризот. Во него опфати лекции за тоа какви се’ истражувања можат да се спроведат и нивни очекувања, употреба на оризовата слама ткаенина, употреба на оризовите трици како суровина за восок итн. Исто така се разговараше за потенцијалот на оризовата лушпа како суровина за хартија, амбалажа, термоизолациони материјали и друго.
Со Бранкица Спасева поминавме тематики како што се значењето на оризот како житарица, колкаво е производството на ориз во светот и кај нас, условите за негово одгледување, какви видови на ориз имаме во Македонија, каква доработка ѝ е потребна на арпата и кои се’ споредни производи произлегуваат од оризот со примена во различни индустрии.
Преку овие предавања успеавме да ја подигнеме свеста за потенцијалот на биоотпадот од ориз и низ кои се’ фази поминува оризот од сеидба до жетва, негова употреба и употреба на други материјали од природно потекло. На кој начин можат да се употребат оризовата слама и арпата наместо да се горат и други иновативни начини со што се спречува загадување на отпадните води, рационално користење на обновливи извори, употреба на природна изолација и др.
Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности ОДОНАТА. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Skills

,

Posted on

декември 8, 2022

Skills

,

Posted on

декември 8, 2022