IQOSxAЯMMA на 27-мото издание на Fashion Weekend Skopje. Префинетост, креативност и иновација

IQOSxAЯMMA на 27-мото издание на Fashion Weekend Skopje. Префинетост, креативност и иновација

Моден Викенд Скопје го заврши своето 27-мо издание, оставајќи зад себе ехо од трансформативни дискусии, еклектични дизајни и иновативни одржливи концепти. Тридневниот настан, сместен во неконвенционалeн, и необично адаптиран амбиент  на комплексот Урбан Гарден – Голден Арт, беше епицентар на иновативна мода и на  значаен дијалог, позиционирајќи го Скопје како потврден претходник во промовирањето на свесната мода во регионот

Есенското издание на Моден викенд Скопје своето финале го имаше во необичната колекција претставена од дизајнерката Амра Исмани под нејзиниот бренд AЯMMA, во револуционерна соработка со IQOS. Овој последен сегмент беше хармоничен спој кој ја опфати и суштината на овој трансформативен настан.

Дозволете ѝ на уметноста да сјае: IQOS ги здружува силите со талентираната дизајнерка Амра Исмани, креативниот ум зад брендот „AЯMMA“. Резултатот? Спектакуларен судир на модата и технологијата, каде што брилијатните нијанси на најновата колекција „AЯMMA“ црпат инспирација од боите на IQOS ORIGINALS.

“Тога Пула II” е колекција која и понатаму ја истражува врската помеѓу минатото, сегашноста и иднината. Таа се движи кон иднината инспирирајќи се од минатото со цел да создаде безвременска облека која се креира и постои надвор од рамките на тековните брзи трендови. Истата се развива врз концептот на мултифункционалност и спонтаност поттикната од римската античката облека – Тога. Тога е отворено (најчесто полукружно) парче ткаенина изработено од волна кое се обвиткувало околу телото креирајќи богата драперија. Поради нејзината отворена форма, дава можност да се моделира и носи на неколку различни начини, така што секој изглед при обвиткувањето на ова парче облека е резултат на одреден момент и истиот е неповторлив.

Почетната инспиративна точка на ова естетcко движење низ времето е антиката, но другиот инспиративен извор присутен во истата се продуктите на IQOS, кој е соработник на ова презентација. Софистицираниот, минималистичен дизајн на уредот, и особено неговата палета на бои во овој случај ја симболизираат иднината и конечната дестинација на ова естетско патување. Покрај бојата (тиркизна, сива и црвена) која се јавува како директна референца на IQOS, во колекцијата се присутни и други визуелно суптилни но истовремено важни концепти развиени под влијание на IQOS, како што e идејата за создавање нови, иновативни интерпретации и форми на веќе постоечки продукти коишто се дел од нашиот секојдневен живот. Како резултат на оваа соработка, покрај облеката е создаден и продуктот The IQOS Shopping bag, како неопходен елемент на современиот живот. Овој продукт од функционална чанта се преклопува во исто толку мали димензии кои одговараат на оние на IQOS уредот и лесно може да се закачи на ранец или друга чанта како дополнителна декорација.

Колекцијата, името Тога Пула го добива од таканаречената „Темна тога“ која ја носеле тажачи а истата се носела и во време на лична опасност. Облеката е изработена по принципите на „slow fashion“ како антитеза на таканаречената брза мода. Па затоа при создавањето на голем број од креациите од колекцијата се користи zero-waste техниката на кроење. За време на изработката на оваа колекција се користени природни материјали како што е волната, памукот, свилата, но и полуприродни како што се вискозата и купрото.

 

 

 

 

Skills

, ,

Posted on

октомври 2, 2023

Skills

, ,

Posted on

октомври 2, 2023