#Stopthetraffik

#Stopthetraffik

Април 2015 година

Овој проект ја поддржа глобалната кампања #Stopthetraffik и #GlobalBlanket, основани од страна на британската организација “STOP THE TRAFFIK”, во придружба на Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, Македонија.

Желбата да се променат нештата во текстилната индустрија и неверојатната иницијатива да се соберат милиони квадрати од рециклирани парчиња текстил што ќе шијат “глобална маска” на свеста, за нас беше предизвик на кој бевме среќни да се приклучиме. На иницијативата #GlobalBlanket се придружија дизајнери со уникатни дизајни што ги отпечативме на маици за поголема видливост на поддршката што ја дадовме.

Магдалена Несторовска, Национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, истакна дека “Оваа кампања е наменета и за работниците и за работодавачите во текстилната и модна индустрија, со цел да ја препознае трговијата со луѓе како форма на организиран криминал, што истовремено претставува сериозно кршење на човековите права и правата на работникот, искористувајќи ги лицата како работна сила користејќи несоодветни средства и методи како што се принуда, измама или злоупотреба на нивната ранлива економска положба, и со цел да ги искористат за да се постигне огромен профит. “.