Мила Спасовска го потпишува брендот Yamuna. Таа во нејзината колекција имаше 10 изгледи надополнети со аксесоари специјално дизајнирани од боите на палетата на IQOS.
„За оваа колекција инспирацијата левитираше и се градеше околу мене веќе некое време, а сега дојде моментот да се изразам и да ја преведам во облека. Изминатиов период се што забележував беа бизнис луѓе и анализирав каков е нивниот стил. Тоа ме интригираше и најадов голема инспирација во острите линии која ме асоцираше на сериозноста на овие луѓе. Од друга страна пак, свесна сум дека животот носи непредвидливи ситуации и дека истите тие сериозни ликови знаат да се најдат во хаотични моменти. Некои уживаат во хаосот, некои се трудат секој детал да им е испланиран, но како и да е не секогаш можеме да ги предвидиме околностите, а јас размислувам за тоа многу.
За да можам сето ова да го преведам во архитектурата на телото, острите линии ги наоѓам во кројот на парчињата. Неговата улога е да му служи на телото и да раскаже повеќе за индивидуата која го носи парчето. Во боите и деталите ја наоѓам страната на луѓето која не секогаш ја покажуваат, таа е заслужна за животот да го направи убав и полн со забава, но и непредвидливост.
Во мојата работа користам исклучиво природни материјали кои не и штетат на природата. Марамите се направени во едноставна форма – коцката, а тоа ми дозволува да ја искористам целата ширина на материјалот што резултира во она што модната заедница го нарекува 0-waste. Така мојата работа во доменот на модата и придонесот кон околината доведе до соработка со IQOS брендот, кој е истовремено фокусиран на развојот на иновативни производи како и целосна посветеност на нивното влијание кон природатa. Инспирирана од префинетиот стил и боите на IQOS Originals уредите доведе до идејата за креирање на уникатна колекција на марами” – изјави Спасовска за оваа необична соработка.
Марама со принт Yamuna x IQOS специјално направена за гостите на Моден викенд Скопје, се носи на повеќе начини, што ја прави уникатна и единствена одново и одново.