Оризовиот отпад како дизајн материјал

Оризовиот отпад како дизајн материјал

Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение – Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, во петок 15.12.2023, приреди изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница.

Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков беа дел од гостите на изложбата.

Имено, под менторство на истакнати дизајнери, уметници и креативци кои помагаа во реализација на овој единствен проект, младите креативци имаа можност да ги прикажат резултатите од творењето во изминатите неколку месеци токму во рамките на изложбата. Овој проект беше финансиран од страна на Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

Инхерентните врски помеѓу културното наследство, образованието, земјоделството, дизајнот, занаетчиството и економијата се активираат во контекст на проектот. Зголемената свест за оваа меѓузависност ја поттикнува размената на различни вредности, знаења, вештини и компетенции, генерирајќи увид за сите вклучени, но и за еволуција на проектот.

Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност од страна на талентираните ученици под менторство на уметниците Викторија Митрева и Орхан Камилов од Здружението „Одоната“ – Кочани (изработка на хартија од оризова слама), мајстор – занаетчија Љубинка Механџиска (традиционален разбој), дизајнер Ирина Тошева (мода), Анита Гајтановска од „Lotus Lounge Chair“ (продукт дизајн), Натали Ристовска  од „YOVA“ во соработка со студентите од Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (истражување и продукт дизајн), асист. м-р Иво Митрушев и асист. м-р Бранкица Спасева од УКИМ (Нов живот за биоотпад од ориз), Зоран Тодоров од НВО „За здрав живот во Кочани“ (екотеорија), Андријана и Димитар Петровски (фотографија), Благоја Ангеловски (режија и видео).

Преку практични работилници, теоретска настава и креации, учениците од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница покажаа како може да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад (арпа/ слама), како главен предмет за истражување. Со уметност и иновација, тие покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот.

Станува збор за иновации во рамките на овој проект, односно оризовата слама се претвори во вреден квалитетен производ – предиво од оризова слама и волна. Модни креации изработени од текстилни остатоци  (добиени од локалната фабрика) и од ткаенина рачно изработена на разбој од предиво од влакна од оризова слама и волна. Ткаенините, направени на рачен разбој, создадоа хармоничен спој на елеганција низ еколошка изработка. Оваа врвна иновација нуди силен потенцијал за да се намали екстензивното согорување на оризовата слама и неговото негативно влијание врз животната средина и климата воопшто.

Различните активности во рамки на проектот за користење на оризовиот отпад се развиени со крајна цел за негова поширока релевантност.

Придружете ни се во оваа иницијатива на одговорна уметност и погледнете го најдоброто од младите!

Промените започнуваат овде и сега! Заедно!

 

 

 

Дополнителни информации за уредниците

ГЕФ ПМГ Северна Македонија 

Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005 – 2023 финансиски се помогнати 167 проекти со вкупна сума 3,217,387 САД$, генерирајќи кофинансирање во износ од 3,404,628 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка (Salmo macedonicus) и речен Вретенар (Zingel balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum), 11. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15. Домашната балканска коза Македонска примитивна свиња; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел од отпадно растително масло, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год, замена на фосилно гориво со биомаса, електрична енергија од сонце, и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% пластичен комунален отпад не оди на депонија каде ќе согори со што е спречено испуштање на на канцерогени материи  во воздухот, селектирани и рециклирани 50.000 кг/год пластичен отпад, собирање и правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; користење на текстилен отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на електронски и електричен  отпад – расипани мали домашни апарати, компјутери и мобилни телефони и нивно повторно користење; производство на еко плочки (од отпадна пластика и песок) за надворешно уредување, намалување количество на отпад на храна и дистрибуција кон социјално ранливи групи, крериање на повеќекратно употреблива хигиенска влошка.

Глобален еколошки фонд ГЕФ (www.TheGEF.org)

ГЕФ обединува 184 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето и хемикалии/неразградливите органски загадувачи како и подржува интегриран пристап за поддршка на одржливи системи за храна, управување со шумите и одржливи градови. 

Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 23 САД$ милијади во грантови и мобилизираше дополнителни 129 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,000 проекти и програми. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 27000 проекти и иницијативи на здруженија во 135 земји.

Програма на Обединетите Нации за развој (www.undp.org)

Програмата на Обединетите Нации за развој е присутенa во 170 земји и територии со цел да се искорени сиромаштијата истовремено заштитувајќи ја планетата. Им помага на земјите да развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да го одржат својот напредок. Исто така соработува со сите нивоа на општеството за да помогне во изградбата на нации кои можат да издржат кризи и да поттике подобрување на квалитетот на животот за секого. Како развојна агенција na Обединетите Нации игра значајна улога со помош на земјите да ги достигнат Одржливите развојни цели.

ГЕФ Програма за мали грантови ПМГ (www.sgp.undp.org)

Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој преку „мисли глобално делувај локално“. Овозможува финансиска и техничка поддршка за зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците. ПМГ покажува дека локалната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и еколошките цели. Од своето постоење ПМГ има доделено над 27.000 грантови во 135 земји. Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови – ПМГ е спроведувана од УНДП.

Skills

,

Posted on

декември 18, 2023

Skills

,

Posted on

декември 18, 2023