Нови знаења и практични вештини за обработката на дрво како дејност

Нови знаења и практични вештини за обработката на дрво како дејност

Со посета на студиото за производство на модерeн мебел Rinocca, група ученици од центарот ,,Партенија Зографски” во Скопје, започна со потрагата по нови знаења и практични вештини за обработката на дрво како дејност.

За време на првата работилница под менторство на дизајнерката Катерина Трпковска и инженерката Деспина Здравкова, тие се запознаа со основите на современата дрвна индустрија, односно како тече процесот на создавање на едно парче мебел – од идеја до реализација.

Потоа и самите се најдоа во улога на ,,дрводелци”, креирајќи го првин нацртот за нивниот прв изработен продукт од дрво, заедно со професорoт по ликовна уметност Игор Китановски. По автоматизираната компјутерска продукција, тие со рачна доработка му ги дадоа крајните финеси.

 

 

 

Обуките за млади лица со оштетен слух во рамки на ,,RESPONSIBILE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT” се реализираат со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E. Бидете во тек со низата едукативни активности кои следуваат наредниот период.