Мastering the pottery wheel

Мastering the pottery wheel

Нашата забавна работилница „Мastering the pottery wheel“ предизвика огромен интерес кај учениците од училиштниот центар „Партенија Зографски“ во Скопје. Младите пристигнаа во голема бројка, подготвени да создадат нивни ремек-дела од глина.

Со претходно насликаните цртежи инспирирани од овој антички занает на маса, тие постојано си ги разменуваа местата на грнчарските колца, претворорајќи ги своите некогаш замислени стомни и садови во преубава реалност.

Учениците беа менторирани од мајсторот за традиционално грнчарство Слободан Столески и професорот по ликовна уметност Игор Китановски. На рачно изработените производи допрва ќе им ги дадат финалните допири, пред официјалната презентација по пат на виртуелна изложба.

Сите едукативни активности за млади лица со оштетен слух во рамките на „RESPONSIBILE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT”, се поддржани од проектот Образование за вработување во Северна Македонија – E4E.

 

Skills

Posted on

април 11, 2021

Skills

Posted on

април 11, 2021