Со едукативна посета на фабрика „БМФ” за ориз во с.Зрновци, организаторите на проект “Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн-материјал во општина Кочани” се запознаа со процесот на обработка на оризот и процесот на собирање на оризовиот отпад (арпа/слама), за што се користат и начинот на нивна преработка, третман и краен продукт.
Посетата е дел од современата програма за истражување и стручна обука за младите лица, воспоставувајќи плодна соработка помеѓу образовните институции и приватниот сектор.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – Regional Programme on Local Democracy in the Western Balkans, која е финансирана од Delegation of the European Union, Skopje, Skopje, а ја спроведува UNDP MK.