#BioHackMyWorld

#BioHackMyWorld
Полека, но сигурно, идеите стануваат реалност!
Како дел од проектот #BioHackMyWorld, учествувавме на „Демо Денот“ на првата програма за „старт-апс“ кои работат во биотехнологијата и програма за ангажман на приватниот сектор во првата лабораторија за #biohacking во Скопје. Настанот се одржа во просториите на СУГС „Марија Кири Склодовска“.
Презентиравме две идеи за #biowaste (биоотпадот): сет за пикник создаден од мелена слама и оризова лушпа, како и процес на создавање на оризови влакна од оризова слама.
Настанот го затворија генералниот секретар на град Скопје, Данела Арсовска и заменик-помошничката администраторка на УНДП, Марина Волтер, која беше воодушевена од потенцијалот на младите во земјава да создаваат производи и бизниси од #биоотпад и користејќи #биотехнологии. Благодарение на поддршката од UNDP, UNICEF и град Скопје, формиравме најсовремена лабораторија за биотрансформација.
Со гордост ретроспективно гледаме на успехот на нашето учество во акцелераторската програма Bio Hack My World.
.
.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн материјал во општина Кочани“ е спроведен од страна на Македонското Модно Здружение-Концепт Моден Кластер, Скопје.
Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобален еколошки фонд (ГЕФ).
Skills

Posted on

јуни 7, 2023

Skills

Posted on

јуни 7, 2023