Март 2015 година
Организација на вебинар со Тиери Бејл “Основач на глобалниот моден менаџмент” (ГММ) за Македонските модни дизајнери.
Денеска на Скопски саем во рамките на едукативната и бизнис програма на Моден викенд Скопје, поддржана од најсовремената технологија на CISCO Systems TM https://www.facebook.com/CiscoSee?fref=ts, се одржа видео конференција (вебинар) на која основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон одржа предавање и менторски сесии. Бајле кој зборуваше на темата „Топ златни правила за зголемување на продажба“ повеќе од две децении се занимава со консултантство од областа на модниот бизнис. Неговото професионално портфолио вклучува клиенти како Alberta Ferretti, Calvin Klein, DKNY, DVF, Kenzo, Monnalisa, Moschino, Paula Ka, Sergio Rossi, Smalto и Versace. На предавањето на Бајле освен модни дизајнери присуствуваа и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот кластер Македонија а индивидуални менторски сесии имаа Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Јована Филиповиќ , и претставници од „Линеа“ и „Саитис “.