Предавање и работилница под менторство на Викторија Митевa, член на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната, на учениците од ОУ,, Малина Попиванова”-Кочани им пренесе информации за значајни современи артисти кои работат со оризови остатоци, како и современи практики во уметноста кои даваат предимтство на еколошкиот аспект на творештвото. Работилницата продолжи со изработка на смеса од оризова арпа, пченичен скроб и вода, соодветен за изведба на фигурини и сроден/сличен на глината, по своите обликувачки својства, како: добивање волумен, период на сушење и капацитет на обликување.
Викторија Митева е визуелна уметница која работи во полето на сликарството, мека скулптура, инсталација и видео-инсталација. Работи и истражува во полето на конзервација и реставрација и органски пигменти, применувајќи ги истите во своето сликарство. Ентузијаст е за истражување на нови техники и нови солуции околу концептите за зачувување на животната средина и наоѓање на нови, иновативни и еколошки начини за творење и создавање уметност.
Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.
Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобален еколошки фонд (ГЕФ).