Со експериментален час за запознавање со современата керамика, учениците од училишниот центар „Партенија Зографски“ ги продолжија своите активности за работа со глина, како индивидуално така и во група.
Под менторство на нашата позната керамичарка, архитектка и поетеса Анета Попова од студиото LipaCeramics, тие се поврзаа со материјалот на сосема нов начин, ослободувајќи го нивниот внатрешен свет.
За време на работилницата „Handbuilt ceramics: Body clay prints”, на младите им беше дадена задача да го користат своето лице и тело да прават отпечатоци на глинени плочки, со цел да ја изразат сопствената личност преку уметничка експресија.
Дел е од концептот за модерно учење на учениците со оштетен слух, којшто се одржува во рамки на проектот „RESPONSIBILE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT”. Програмата за обуки се реализира со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E.