Public Talk “SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT”

Public Talk “SMALL BUT PERFECT: THE ENERGY OF DESIGN FOR PEOPLE AND THE ENVIRONMENT”
Зборот квалитет , не е толку синоним за луксуз, туку фактор на одржлив и одговорен развој. А луѓето треба да се стават пред профитот – ова е еден од заклучоците на јавната дебата што се одржа вчера во „Ист гејт мол – офис спејсес“, а ја организираше Моден Викенд Скопје. Настанот беше во рамките на проектот Small but perfect („Мал, но совршен“), осмислен како моден акселератор кој треба да ја трансформира циркуларната мода во одржливи модели поддржан од COSME програмата на ЕУ.
На дебатата учествуваа со наслов „Мала, но совршена: енергијата на дизајнот за луѓето и околината“ зботуваа: Александра Спасевска – новинарка и активистка членка на „Фешн револушн Македонија“, Натали Ристовска – дизајнерка на одржлива мода и истражувач на новите технологии за производство на текстил, ментор на проект „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн материјал во општина Кочани” (проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобален еколошки фонд (ГЕФ) и основач на брендот „Јованка“ Yovanka, италијанскиот дизајнер Арслан Додо кој е на листата на 90 светски водечки дизајнери и комапнии и кој допатува во Скопје специјално за овој настан, Карло Стронати – претставник на модниот бренд Errea, Милена Доневска – бренд менаџер во Magnetik и Александра Трпеска која под името „Маџестик“ делува како инфлуенсер кој застапува активизам и одржлива мода.
– Циркуларната економија значи отстапување од традиционалниот, линеарен економски модел, кој се заснова на принципот земи-направи-потроши-фрли. Овој модел се потпира на големи количини на евтини, лесно достапни материјали и енергија. Исто така, дел од овој модел е планирана застареност, односно отстапување од практиката да се дизајнира производ така што тој да има ограничен животен век за да мора потрошувачите повторно да го купат – истакна Александра Спасеска – членка на Fashion Revolution Macedonia
Квалитетот, мора да биде поврзувачки елемент кој го линкува дизајнот со производството на највисоко ниво преку комплексен меѓусебно поврзан синџир во акција што не е самореферентна ситуација, туку интегрирана во ефикасен и заеднички систем.
На овој панел, Натали Ристовска и Александра Трпеска преку лични примери предлагаа можни мерки како што се спречување на отпадот, еко-дизајнот и повторната употреба кои може да им заштедат пари на компаниите или на поединците, а истовремено да ги намалат вкупните годишни емисии на стакленички гасови.
Во моментов, производството на материјалите што ги користиме секојдневно претставува 45% од емисиите на јаглероден диоксид.
Италијанскиот дизајнер Арслан Додо кој е на листата на 90 светски водечки дизајнери и компании и кој допатува во Скопје специјално за овој настан, пред присутната публика ги сподели своите искуства кои ги работи глобално и се однесуваат на сегменти на осветлувањето кое се користи при создавањето на модните кампањи. Иновациите го движат светот, а модата и дизајнот се оние сегменти кои секогаш биле пионери во воведувањето на новните, беше неговиот заклучок.
Гостинот од Италија во рамките на Деновите на италијански дизајн одржа и мастерклас посветен на италијанскиот дизајн во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје.
Придвижувањето кон поциркуларна економија може да донесе придобивки како што се намалување на притисокот врз животната средина, подобрување на безбедноста на снабдувањето со суровини, зголемување на конкурентноста, стимулирање на иновациите, стимулирање на економскиот раст и создавање работни места.
Потрошувачите ќе добијат и потрајни и иновативни производи кои ќе го зголемат квалитетот на животот и ќе заштедат пари на долг рок, беше уште еден од заклучоците на јавната дебата од учесниците Милена Доневска – бренд менаџер во Магнетик и Карло Стронати – претставник на Errea модниот бренд.
-Важен е целосниот животен стил, а не само нашиот однос кон облеката, и секој мал чекор се брои; користењето природни материјали и рачната изработка нè носат поблиску кон природата; дури и остатоците од оризот, кој е наша локална произведена храна можеме да ги употребиме во производството на материјали и облека; дека долготрајноста на производите и квалитетната изработка им даваат поголемо значење и можност за нивното понатамошно користење од следните генерации; едукацијата на потрошувачите на сите можни нивоа за принципите на одржливоста; поддршка кон локалните традиции и малите домашни дизајнерски брендови, како и поголема транспарентност на големите компании за нивниот придонес или влијание на околината. Сите треба да бидеме активисти и постојано да бараме одговорност од производителите. И на крај, да покажеме како дизајнот може да понуди одлични решенија за зачувување на нашата планета, нашите природни ресурси, нашата хуманост и нашата душа“ – заклучи проф. д-р Гордана Вренцоска Gordana Vrencoska, која беше и модератор на оваа дебата.
26. издание на Fashion Weekend Skopje се одржа во рамките на „Деновите на италијанскиот дизајн“, проект кој се одржува ширум светот, иницирано од Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка преку италијанските амбасади, институти за култура и трговски агенции за промовирање на италијанскиот дизајн и архитектура.
Годинешната тема беше „Квалитет кој просветлува. Енергијата на дизајнот и за луѓето и за околината“.
.
За атмосферата и комфорот – Smart Living.
А ова се компании и брендови кои се поддршка на целиот настан: P2P, SN финансии, СН осигурутелен брокер, Aманти паста.
Пријател за нега и убавина ќе биде француската медицинска козметика Uriage – за здрава и негувана кожа без брчки, овој бренд ја има добитната формула. Uriage Macedonia
Исто како ново! За три пати подолг век на траење на вашата облека – Первол Renew.
Слоганот на нашите слатки партнери е: Животот е посладок со Сандеј! Sunday Sweets
Бајадера. Ткаена со задоволство!
Maya Water – официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина.
Фото | Гјоргиј Ристоски
Skills

Posted on

март 13, 2023

Skills

Posted on

март 13, 2023