Онлајн работилница, Istituto Marangoni (London)

Онлајн работилница, Istituto Marangoni (London)

Во соработка со една од најпрестижните светски школи за уметност и дизајн во светот Istituto Marangoni(London), учениците од Државниот центар „Партенија Зографски“ во Скопје учествуваа во интерактивна онлајн работилница, стекнувајќи различни перспективи и свежи идеи во нивната креативна потрага по знаење и искуства.

Младите беа предизвикани да ги модернизираат традиционалните костими и културното наследство преку колажни техники. Комбинираа лични слики на членови на семејството во традиционална облека, исечоци од народни носии прикажани во македонската кинематографија, како и фотографии од современи парчиња од модните списанија.

Користејќи ја хартијата како ткаенина, лепак и ножици, остатоци од текстил и детали за везови, учениците создадоа вистински ремек дела, обединувајќи го старото и новото. Секој имаше мошне уникатна и оригинална визија за тоа како да ги комбинира референците и да игра со стиловите, притоа оддавајќи почит на нашето културно наследство и традиција. Исходот ќе биде вметнат во нивната капсулна колекција, којашто е предвидено да биде објавена на крајот на пролетта.

Практичните модна обуки во рамки на „RESPONSIBLE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT”, имаат за цел да им овозможат на младите лица со оштетен слух широк спектар на можности за лична и професионална самореализација. Едукативната програма е поддржана од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E.

Skills

Posted on

април 13, 2021

Skills

Posted on

април 13, 2021