Изработка на креации од одржлива природa

Изработка на креации од одржлива природa

За време на работилница со Орхан Ќамил, нашиот ментор, дипломиран графички техничар и академски уметник, беше изработена хартија од 50 % оризово брашно и 50 % рециклирана хартија.Потоа со додавање на органски пигменти го бојадисавме продуктот. Со помош на други рециклирани материјали, како што е суво цвеќе, одредивме разнолика структура на хартијата.

Покрај оризовата хартија, започнавме и со првите чекори на уметничките предмети. Под печатарска преса обликувавме ситно машински обработена оризова лушпа и слама, користејќи природно лепило од оризово брашно. Па така, хартијата беше изработена од 30% оризово брашно, 30% оризова слама, 30% оризова арпа и 10% органски адитиви.

Веќе на втората работилница се додаваа течни пигменти и суви билки за декорација и бојадисување на хартијата, се изработуваа релјефи, ламби и сталаци за свеќи од оризова лушпа, оризово брашно и бел гипс.

Едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E, проект поддржан од владата на Швајцарија.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Македонското модно здружение, Скопје и Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната. Проектот се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Skills

Posted on

март 28, 2023

Skills

Posted on

март 28, 2023