Ethno clay prints: Handbuilt ceramics

Ethno clay prints: Handbuilt ceramics

Под менторство на Анета Попова од LIPA Ceramics, учениците од Училиштниот центар „Партенија Зографски“ продолжија со активностите за изработка на керамички плочки од глина, овојпат со цел да ги подобрат нивните ликовни вештини и да се поттикне нивниот афинитет за дизајн.

Работилницата „Ethno clay prints: Handbuilt ceramics“ ги запозна со фрагменти од традиционални орнаменти и мотиви, кои ги пренесоа на површината од плочката на едноставен и оригинален начин. Покрај тоа, научија и на каков начин се користеле графичките форми во специфични области на земјата, како во текстилот, така и во домашните предмети.

Во процесот на создавање на современ керамички продукт со сопствена реинтерпретација на етно принтовите, младите црпеа инспирирација од дигитални обрасци на дезени, поточно извадоци од женската кошула од Мариово, свилена и плетена облека од Струга, како и везовите на носии од регионот на Тетово.

Едукативните активности во рамките на проектот „RESPONSIBLE FUTURE: CRAFTING YOUTH EMPOWERMENT“ се реализираат со поддршка од Образование за вработување во Северна Македонија – E4E. Финалните производи ќе бидат јавно откриени на виртуелна изложба оваа пролет.

Skills

Posted on

април 11, 2021

Skills

Posted on

април 11, 2021