ОРИЗОВА ЛУШПА И СЛАМА: Откривање на нивниот моден потенцијал

ОРИЗОВА ЛУШПА И СЛАМА: Откривање на нивниот моден потенцијал

Некогаш занемарените нуспроизводи на оризот повторно влегуваат во центарот на вниманието поради нивниот извонреден непрекинат кружен потенцијал. Остатоците од оризот веќе не се отфрлаат како обичен отпад, туку наоѓаат нова цел. Нашата најнова работилница, спроведена во соработка со учениците од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница и предводена од менторите Орхан Камилов и Викторија Митева од Одоната, е причината за трансформација и едно ново патешествие.

Водилка на оваа работилница и нејзина цел е рециклирањето на оризова слама во хартија – еколошка иницијатива која им дава живот на отпадните материјали. Работилницата прецизно го следи процесот кој започнува со целосно сува оризова слама која ја топиме во вода и ја ставаме да се вари на печка околу пет часа. Потоа, материјалот поминува низ прецизно мелење и чистење, претворајќи го во фиброзна супстанција. Добиениот материјал го ставаме во рамки во зависност од посакуваната должина, и потоа го сушиме на памучен материјал. Резултатот што го добиваме е разноврсна хартија идеална за печатење покани, картички и разни уметнички креации.

Овој потфат не само што уште еднаш го покажува креативниот потенцијал на оризовата слама, туку ја нагласува и нејзината еколошка суштина. Со прифаќање на сламата од ориз како алтернативна суровина за рачно изработена хартија, се залагаме и за одржливост во модата. Овој пристап не го намалува само отпадот туку и отвора нови можности за свесни и убави креации. Придружете ни се во прославувањето на новите чекори и мерки што ги земаме, каде што сламата од ориз зазема централно место во уметноста на еколошката мода.

 

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна суровина и дизајн материјал во општина Кочани“ е спроведен од страна на Македонското Модно Здружение-Концепт Моден Кластер, Скопје.
Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобален еколошки фонд (ГЕФ).

 

Skills

Posted on

октомври 27, 2023

Skills

Posted on

октомври 27, 2023